Посета на амбасадорот на Полска на општина Градско

1250

Денес во посета на општина Градско и во Градинката „Кокичиња“ дојде Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Г. Војциех Тицињски.

Целта на неговата посета беше грантот што го доби општината од страна на Полската амбасада во висина од 340.000,00 денари за проектот “Подобрување на предучилишното образование во градинката Кокичиња” со кој се опфати реконструкција на стариот дел од Градинката што значи дека се добиени нови столчиња, нови масички, нови нагледни средства, повеќе видови на едукативни играчки и голем асортиман на предучилишен прибор.

Со ова докажуваме дека 30 деца згрижени во градинката имаат подобри услови за престој, персоналот има подобри услови на работа, а со тоа ќе може да се реализира едукативната програма, затоа што градинката не е само објект за згрижување туку и за едукација и воспитување на нашите најмали жители.

На овој начин директно им се овозможува на децата со потребното предзнаење да стартуваат во образовниот процес.