Градоначалник

Кратка биографија

Киро Нацков e роден на 09.09.1983 година. Основното образование го завршува во родното Градско, за потоа средното образование да го заврши во СОУ „Св.Кирил и Методиј“ во Неготино. По завршувањето на студиите на Филозофскиот факултет во Скопје почнува да работи како наставник по историја во ООУ„Даме Груев” во Градско. Во периодот од 2013- 2015 е член на Советот на Општина Градско, а од 2015 до 2017 е Директор на ООУ „Даме Груев” во Градско. Нацков е оженет човек и татко на едно малолетно дете.

Нето плата: 50.966,00 денари.

Анкетен лист од веб страната на Агенција за спречување на корупција и судир на интереси  https://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php?detail=22199&search=&ime=&prezime=%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%BA%D0%BE%D0%B2&funkcija=&institucija=

Приемен ден на странки: секој четврток од 08:00 до 15:00 часот.

E-mail: nackovkiro@gmail.com

 

Почитувани ,

Ми претставува задоволство да Ве поканам да ја посетите Општина Градско, да се запознаете со нејзините природни убавини, стопански потенцијал, историја и култура. Во Градско ќе Ве пречекаат срдечно, со отворено срце и топло добредојде во сите населени места на општината.

На љубителите на планините им препорачувам да се качат на Клепа и од нејзините врвови да уживаат во погледот во срцето на Македонија. Љубителите на ловот можат да ја користат недопрената природа богата со дивеч, а риболовците да одберат меѓу вештачката акумулација Подлес и реките Вардар и Црна Река.

Централната поставеност на општината, железничката и патна комуникација го прави Градско неминовна дестинација на сите што поминуваат низ Македонија. Затоа и Вие застанете, посетете го локалитетот Стоби, вкусете од вината на истоимената винарија и уникатните специјалитети. Ќе ја почуствувате магијата на вечноста на овој простор, ќе ги чуете приказните што ги раскажуваат реките и бидете сигурни дека ќе дојдете повторно.

Со почит,
Градоначалник на Општина Градско
Киро Нацков