Јавни институции

ООУ„Даме Груев“

Основното општинско училиште ” Даме Груев” – Градско е основано со решение Собрание на општина на Титов Велес под број 05-13173/19 од 24.12.1965 година.

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик освен во подрачното училиште во село Кочилари каде наставата се изведува на албански јазик.Во училиштето учат вкупно 338 ученици распоредени во 24 паралелки во централното и подрачните училишта.Во одделенска настава има 13 паралелки и 11 паралелки во предметна настава, односно во ООУ „Даме Груев“-Градско има вкупно 24 паралелки.

Првото училиште во старо Градско е отворено во 1907 год.на иницијатива на селаните од с. Градско.Прв учител бил Лазар Кицов од Велес.

Во 1916 год. германскиот окупатор, кај сегашната железничка станица во Градско изградил поголема зграда. Таа зграда во 1925 год.станала училиште. Во ова училиште прв учител бил Александар Јеремовиќ, а наставата се изведувала на српски јазик. За време на Втората светска војна наставата се изведувала на бугарски јазик. По ослободувањето жителите на Градско изградиле ново училиште во кое наставата  се изведувала на мајчин јазик. Во 1955-56 год.во Градско работи вечерна гимназија за трети и четврти клас. На 10  декември 1956 година првпат бил прославен патрониот празник на училиштето – 50 години од смртта на Даме Груев. Таа година бројот на ученици изнесувал 223, а работеа осумпаралелки.

Во 2000 година со средства добиени од Проектот за модернизација од УСАИД, извршена е целосна реконструкција на  училишните згради во централното основно училиште ООУ „Даме Груев“ –Градско при што на зградата број 2 се надоградени две училници.

Во учебната 2012-2013 година, согласно Проектот на МОН и Агенцијата за млади и спорт- 45 спортски сали, изградена е и  ставена во целосна функција спортската сала во ЦОУ. Ова е веќе седма

година како спортската сала и нејзините капацитети се на располагање на сите ученици од ООУ „Даме Груев“ -Градско и на училишниот спортски клуб. Со ова, условите за подобрување на воспитно-образовниот процес се значително подобрени,што претставува континуитет во развојното планирање на училиштето.

Табеларен приказ на лична карта на ООУ ,,Даме Груев” – Градско

Име на училиштето ООУ „Даме Груев“
Адреса, општина, место Ул. Маршал Тито бр. 68 1420  Општина Градско
Телефон +38943251-023
Фах +38943251-023
Е-маил damegruevgradsko@yahoo.com
Основано од Собрание на општина на Титов Велес под број 05-13173/19 од 24.12.1965 год
Верификација- број на актот 10-815/3
Година на верификација 1994
Јазик на кој се изведува наставата Македонски јазик  и Албански јазик
Година на изградба Зграда 1- 1973, зграда 2и 3- 1956 година
Тип на градба Тврда
Површена на објектот 942 m2
Површина на училшниот двор 1250 m2
Површина на спортски терени и игралишта 850 + 620= 1470 m2
Училиштето работи во смена Да
Начин на загревање на училиштето Дрва + нафта
Број на одделенија 9
Број на паралелки 24
Број на смени 2 смени
Статус на Еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво) Зелено знаме
Датум на добиен статус Април, 2015 ; Ноември 2018

 

 

 

ЈКП„Клепа“

Локална библиотека „Гоце Делчев“ Велес,  подружница Градско

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ е културна институција. Со своите постојани активности во врска со промоцијата на книгата и културата воопшто, библиотеката се наметна како двигател на културата.

Зачленувањето во самата библиотека е едноставно и брзо, а годишната чланарина во самата библиотека чини само 150,00 денари.

Библиотеката располага со квалитетни изданија и редовно го следи светскиот читателски тренд, набавувајќи ги за своите читатели најактуелните книги достапни на македонскиот пазар.

Библиотеката „Гоце Делчев“ исто така поседува и дел од преводите на Владата на Република Северна Македонија на стручна и научна литература, како и на преводите од писатели – нобеловци.