На свиканата 19-та седница на Совет на општина Градско, одржана на 5 јули оваа година, беа разгледани 5 точки, придонесувајќи за развој и напредок на општината.
Советниците ја изгласаа Одлуката за отпочнување на постапка за изработка на локална урбанистичка документација за изградба на гробишта во н.Градско, со цел за проширување на веќе постоечките.
Се усвоија Одлуките за Годишниот извештај за работа и Годишниот извештај за спроведување на програмата за развој на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион за 2018 год.
Исто така пред членовите на Совет беше дадена информацијата за исплатени доверители од средствата за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа доделени од Владата на РСМ.
По исцрпување на дневниот ред членовите на Совет на општина Градско заедно со Градоначалникот ги разгледаа поднесените барања и соодветно одлучија за нивно решавање.