Oдбележан празникот на општина Градско “16 Декември”!

953
Новиот стил на живот што го живееме со присуството на корона вирусот и светската пандемија, насилно ги погоди медицинските работници. Тие се првата борбена линија во амбулантите, лабораториите, аптеките, болниците. На притисокот што се врши врз нив и ризикот по сопственото здравје, на здравствениот систем му беше потребна помош. А можат да помогнат само студентите по медицина. Општина Градско во моментов има 10 студенти на медицина на различен степен на образовната скала. Но сите тие одговорно работат да станат дел од фронтот кој е единствено способен да се справи со оваа подмолна болест, но и со сите други предизвици што ги носи оваа професија. Ние веруваме во нив и се гордееме со нив. Каде и да се, со гордост говорат за своето родно место и го етаблираат високо во своите кругови. Сите нив Општина Градско одлучи да ги награди со Пофалница „16 Декември“ во знак на поттик за уште поголема посветеност на професијата што ја одбрале и промовирање на Градско како расадник на талентирани и вредни млади генерации.
1.Мартина Рибарска
2.Милчо Теовски
3.Славица Крстева
4.Ивона Нацевска
5.Симона Нацевска
6.Марија Малчева
7.Елеонора Петровска
8.Верица Цветкова
9.Даница Димовска
10.Драгана Илиева
Од Општина Градско најдобрите ученици што го продолжуваат школувањето во средните училишта остануваат најдобри. Тие се наша гордост, наша иднина. Општина Градско на најдобрите им доделува Пофалница за постигнатиот успех во средното образование и им доделува пригодна награда. Со ова сакаме да им покажеме на сите ученици дека го следиме нивниот развоен пат, се гордееме со нив и посакуваме и останатите нивни соученици да го следат нивниот пример. Оваа година нашите честитки се за:
1.Исидора Крстева
2.Александра Христова
3.Славица Ристова
Драгана Љомова е ученик во деветто одделение во ООУ„Даме Груев“Градско. Со својот одличен успех е посебно истакната, а со својата континуирана посветеност во воспитно образовниот процес се докажува преку постигнатите резултати на повеќе училишни, општински, регионални и државни натпревари. Учеството во бројните вон наставни активности и манифестации, во текот на своето деветгодишно школување воедно и исклучително одговорниот пристап и примерно однесување во училиштето се потврда дека заслужи да го добие ова признание. Ученичката Драгана Љомова се покажа како одличен ученик кој се надеваме дека ќе послужи како пример на идните генерации.
За најдобар просветен работник за 2020 година, општина Градско ја именуваше г-ѓа Цвета Колева.
Г-ѓа Цвета Колева 5 години е наставник по природни науки и физика во ООУ„Даме Груев“ Градско. Заради промената на начинот на изведување на наставата, тргнувајќи од моменталната изменета состојба, наставниците ги покажуваат и докажуваат своите компетенции и вештини од друг аспект. Но, со нејзиното предходно учество на обуки и семинари , успешна реализација на домашни и меѓународни проекти, општина Градско и доделува Пофалница заради сите овие залагања и успеси, како и афирмација и придонес во развојот на ООУ„Даме Груев“ и општина Градско, па затоа Цвета Колева е прогласена за најдобар просветен работник за 2020 година.
Општина Градско е земјоделска општина. Од успехот на поединците зависи и вкупниот успех. Луѓето се вредни, трудољубиви, инвентивни. Ги следат трендовите во развојот на земјоделието, применуваат најсовремени агротехнички мерки и соодветна механизација. За земјоделецот поединец да биде успешен, целото семејство е активно вклучено од почетокот на процесот, од рана пролет до доцна есен. Затоа и успехот е неизбежен. Но секогаш има поединци што се издвојуваат од другите со квантитет и квалитет на производството. Во 2020 година од успешните ги издвоивме најуспешните и ги наградивме.
За посебен придонес во развојот на земјоделството Општина Градско со Благодарница „16 Декември“ ги наградува:
1.Ристе Самандов- Градско
2.Стојанче Велевски- Градско
3.Сашко Јангелов- Градско
4.Стојче Ангелов- Градско
5.Бајро Ашкериќ- Виничани
6.Лазо Малчев- Виничани
7.Ванчо Станков- Долно Чичево
За успешно афирмирање и помагање на општината се залагаа и придонесоа повеќемина правни субјекти и поединци, кои несебично дадоа сè од себе да може општина Градско да биде достојна општина за живеење и гордеење.
„Мелмакс БМ“- Скопје
Фирмата Мелмакс БМ – Скопје има подружница во Градско и веќе 4 години се занимава со органско производство за одгледување на ореви. Со инвестирањето во земјоделството г-динот Гоце Ѓорѓиовски отпочнува со еден сериозен пристап кон подобрување на економскиот ефект од работата на земјоделското стопанство и достигнување на потенцијалот за раст. Му благодариме за досегашната соработка и се надеваме дека неговото специфично производство, ќе поттикне и други субјекти за насочување кон овој вид на земјоделство.
„Хостел Ж“- Градско
Веќе 2 и пол години работи единствениот хостел во поширокиот регион, „Хостел Ж“. Отворен е 24 часа на ден, а негова цел се транзитните туристи кои се на минување низ Македонија. Со организирањето на бесплатни туристички посети на археолошкиот локалитет Стоби, на езерото Подлес и до блиските винарии, Хостел Ж има за цел да ја зголеми туристичката посетеност на општината и поголема промоција на истата.
„Кафе бар Булевард“ – Градско
Кафе бар Булевард 19 години непрекинато дава можност за искористување на слободното време во уживањето во омилениот напиток на сите генерации. Булевард е место за дружење, за мир, за слобода, за забава, за слога и љубов помеѓу жителите на Градско. Но, во последните 3 години, сопственикот Зоран Даневски се истакнува во полето на хуманоста организирајќи ја новогодишната забава за лицата со попречености. Во топла атмосфера да се насмеат, да се расположат преку дружба, да се почувствуваат сакани, да не бидат запоставени и заборавени и секако да добијат мал подарок.
Златко Митрев
Со реформирањето на Фудбалскиот клуб “Локомотива” Градско се врати спортскиот дух со вклучувањето на младите во спортот. Токму Ми-Комерц односно управителот Златко Митрев е најголем поддржувач на „Локомотива“. Се радува на спортските успеси на индивидуалните спортисти. Но, за остварувањето врвни резултати во секој спорт потребни се финансиски средства. Преку своите различни и повеќенасочни активности како спонзор, компанијата цели кон јакнење на општествениот ентузијазaм во заедницата, на тој начин постојано надоградувајќи ја својата позиција на одговорен општествен чинител. Му честитаме на наградата и се надеваме дека ќе продолжи да ја „сака“ „Локомотива“ од срце.
Винарија „Лазар“
Винарската визба „Лазар“ се наоѓа во непосредна близина на автопатот Е75, на неколку стотини метри од археолошкиот локалитет Стоби. Оваа дестинација претставува центар на винскиот туризам во нашата држава. Винарската визба Лазар го развива винскиот туризам во општина Градско, не само со производството на вино туку и со подобрување на квалитетот на сместувачките и угостителските услуги во функција на развој на поголема туристичката понуда. Во реконструираниот објект на винаријата се нудат и други услуги за активен туризам како на пример пешачење, возење на велосипед и риболов, преку искористување на природните ресурси во непосредна близина на винаријата, на реката Вардар и Црна Река, археолошкиот локалитет Стоби, лозовите насади и парк шумата „Гоцева Шума“.
Борче Стаменов од Кавадарци
Кавадарчанецот Борче Стаменов е најхуманиот човек за 2020-та година. Имено, тој досега донирал 526 половни комјутери на социјално загрозени лица во акцијата наречена „Донирај компјутер“. Идејата е иницирана пред две години од социјалната состојба на голем број на лица кои припаѓаат во оваа ранлива категорија. Старите машини ги обновува во нови функционални компјутери. Во Градско има израдувано 5 семејства. На општество како нашето му се потребни луѓе кои помагаат без да бараат ништо за возврат.