Честитка од Градоначалникот Бешовски, по повод Велигденските празници!

553

Почитувани сограѓани!
Денес христијаните го празнуваат најголемиот празник, денот над деновите, чија главна порака и симболика е победа на животот над смртта.
Мислата на оваа порака е да се победи злото, да се разбуди надежта, да се засили волјата и верата пред сѐ во себе, а потоа и во човештвото, затоа што силни и обединети ќе стигнеме на патот што сме го одбрале.
Тој пат значи спокој и мир, здравје и благодет за нашата, но и за идните генерации.
Црвената боја е боја на радоста, почеток на животот, симбол на љубовта. Црвените јајца што денес го обележуваат денот на Христовото Воскресение се само патоказ и доказ дека верата е во нас.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!
Нека е за многу години!