Честитка од Градоначалникот Бешовски по повод почетокот на учебната 2019/2020 година!

1466

Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници!

Училиштето е важен, тежок, но навистина интересен предизвик. Спомените стекнати во него траат и се паметат вечно. Затоа овој прв училишен ден е посебно возбудлив за Вас првачиња кои денес за прв пат ќе седнете во училишните клупи за официјално да го започнете процесот на образование и стекнување знаења, кои ќе Ви бидат неопходни за сигурно да чекорите низ животот и иднината. Ова е денот кога официјално стартувате со долгорочниот процес на образование во Вашиот живот.
Драги првачиња!
Ви посакувам овој ден да Ви биде исполнет со многу радост и смеа и таквата позитивна енергија да Ве следи до последниот училишен ден.
На сите останати кои денес стартуваат со првиот училишен ден им посакувам учебната година да биде пречка кои ќе ја поминат многу лесно со многу убави и интересни моменти.

Среќно!