Донесени нови Одлуки од страна на Општинскиот кризен штаб!

1139

Кризниот штаб на општина Градско на вчерашната седница донесе одлука:
– За време полицискиот час кој започнува од 16 час. во петок (10.04.2020 год.) и завршува во  05 час. во понеделник (13.04.2020 год.), само за граѓани кои не успеале да се снабдат со најосновни намирници и лекови (стари изнемоштени лица, лица со посебни потреби и др.), Општинскиот кризен штаб ќе изврши достава на потребните продукти!
Тел: 070566261

На Барањето на продавниците и економските оператори на територијата на Општина Градско да вршат достава на продукти им беше укажано од страна на Кризниот штаб дека треба да се регистрирани за он-лајн продажба и само тие може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полицискиот час во текот на викендот.
Тие што имаат регистрација за он лајн продажба можат да поднесат барање до Кризниот штаб за добивање на дозвола!