Наменска сметка за донирање храна за напуштените од работа поради COVID19!

1322

Општина Градско ја известува јавноста дека сите општествено одговорни компании, правни и физички лица кој сакаат да донираат можат да извршат уплата на парични средства кои наменски ќе се искористат за доделување на финансиска помош на семејства, односно поединците кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со Covid19 (коронавирус).
Средствата ќе се распределуваат преку сметка на ОО Црвен крст – Велес, од страна на посебно формирана Комисија која со јасни и определени критериуми ќе врши распределба на донираните средства.

Број на сметка: 200000001663445
Цел на дознака: ПОМОШ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗА ОПШТИНА ГРАДСКО (COVID-19)
Депонент: Стопанска банка
Примач: Општинска организација на Црвен крст, Велес

Сите заинтересирани општествено одговорни компании, физички и правни лица, и други, кој имаат можност да донираат неготвена храна (конзервирана, пакована, со подолг рок на траење) може да остварат контакт на телефон 075 216 785.
Пункт за собирање на донираните продукти ќе биде Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” во Градско.
Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со мобилните општински тимови.