Завршија градежните активности за асфалтирање на двете нови улици во село Водоврати!

1305

Заврши асфалтирањето на улица 1 со должина од 150 метри и улица 2 во должина од 190 метри во село Водоврати со широчина на асфалт од 3,5 метри.
Средствата се обезбедени од општина Градско и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој преку проектот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби во висина од 1.976.744,26 денари.