Одбележан месецот на машкото здравје!

12
Во Домот на културата во Градско се одржа театарската претстава „Те чекам“, во продукција на „Театар за тебе“, во режија на Изабела Јакимова.
Претставата, посветена на менталното здравје и емоционалната интелигенција, преку театарски израз отвори простор за размислување, емпатија и разговор за важноста на грижата за менталното здравје.
Со вакви настани се поттикнува свесноста за значењето на емоционалната благосостојба, поддршката и отворената комуникација, особено кога станува збор за машкото здравје.
 Да не молчиме за здравјето. Да зборуваме, да се поддржуваме и да се грижиме едни за други.
Настанот беше реализиран во рамки на одбележувањето на Месецот на машкото здравје.