Завршено е асфалтирањето на клучката во Градско!

5
Завршено е асфалтирањето на клучката во Градско, заедно со приклучните краци, како и на 1,5 километри од регионалниот пат Градско – Неготино!
Уште еден значаен чекор кон подобрување на патната инфраструктура, поголема безбедност во сообраќајот и побезбедно и полесно движење за сите учесници во сообраќајот.
Во наредниот период следуваат уредување на банкините, како и хоризонтално и вертикално сообраќајно обележување, со што целосно ќе се заокружи реализацијата на овој проект.