Денес, на пет локации во Градско, поставивме видео-надзорни камери со цел заштита на урбаната опрема, детските игралишта и реквизити од несовесно однесување и уништување.
Во текот на следниот месец, видео-надзор ќе биде поставен и на локациите каде што се создаваат диви депонии, со цел да се спречи оваа штетна појава и да се идентификуваат и санкционираат сторителите.
Јавните површини, парковите и детските игралишта се заедничко добро и наша заедничка одговорност.

