Со проекција на филм со лични приказни на жени кои ја победиле болеста и разговор со психолог, го одбележавме Розовиот октомври – месецот посветен на подигнување на свеста за ракот на дојката.
Преку нивните искуства испративме силна порака за храброста, надежта и значењето на поддршката, како и за важноста на редовните прегледи и раното откривање.
Заедно сме посилни! Раното откривање спасува животи!


