Посета на Г.Харлд Фулер аташе во Австриското Министерство во општина Градско!

7
Денес во посета на Општина Градско беа аташето на Австриското Министерство за труд, здравство и заштита на потрошувачи, г-дин Харлд Фугер, како и заменик-шефот на мисијата, г-дин Матијас Хуменбергер.
На средбата се разговараше за соработката на Општина Градско со институции и организации од Република Австрија, при што беа споделени позитивните придобивки и достигнувањата во рамките на проектот ТРАНСАКТ.
Во Општина Градско, во рамките на овој проект, достапни се физиотерапевтски услуги, медицинска сестра во домот ,психолошка поддршка, а во следниот период ќе биде достапни и безплатни услуги на логопед,со поддршка на Австриското Министерство.