Потпишан Договорот за изградба на „Откупен центар за земјоделски производи во Градско“

1377

Потпишан договорот за изградба на “Откупен центар за земјоделски производи во Градско” со Центарот за развој на Вардарски плански регион (средства обезбедени преку Министерството за Локална самуправа – Биро за регионален развој за подобрување на руралната инфраструктура) и фирмата изведувач “Изгрев Инжинеринг ДООЕЛ Велес”.
Реализацијата на овој проект вреден 5.836.216,00 денари кој ќе има регионално значење ќе им овозможи на земјоделците да ги изложат и продаваат своите земјоделски производи.
Локацијата на откупниот центар е до отпад „Охрид“во Градско.