Доделени стипендиите на најуспешните ученици за 2025/2026 година!

34
Со особена гордост и радост ги доделивме ученичките стипендии за учебната 2025/2026 година на нашите вредни и талентирани ученици Тоше Марков и Александар Пановски.
Продолжуваме да ги стипендираме нашите најдобри деца, затоа што веруваме дека трудот, знаењето и посветеноста заслужуваат поддршка. Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на нашата заедница.
Им посакуваме многу успех, нови знаења и уште поголеми достигнувања на нивниот образовен пат!