Оштина Градско е една од десетте општини која е добитник на Грант за изработка на техничка документација за предлог-проектот „Изолација на објекти со современи фасадни системи и реконструкција и изолација на покриви на училишни објекти во Градско“, во рамки на Фондот за техничка документација од страна на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти-Фаза 2“ финансиран од страна на УНДП, Кралството Шведска и Бирото за регионален развој.
Со денешната церемонија за потпишувањето на договорот за финансирање ќе започне процесот за подготовка и изработка на тендерската документација и објавување на тендерската постапка.