Мало внимание за голем мотив на талентирани ученици во нашата општина!

14
Општина Градско умее да ги препознае и награди талентираните ученици и на тој начин да им овозможи да напредуваат без разлика во која средина ќе се појават. Во нашата општина скромно и ненаметливо се појави Фатбарл Воца, ученик од IX одделение, со неговиот талент за ликовно образование.
Општина Градско го наградува со комплет сликарски материјали. Исто така општината ќе го стипендира и неговото понатамошно образование во Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн во Штип, во наставната 2025/2026 година.
Се надеваме дека оваа награда ќе го охрабри да учествува и на други натпревари, а исто така ќе биде пример за другите ученици во сите области да учествуваат на општински и државни натпревари.