Денес, 23.01.2024 год., се одржа четвртата форумска сесија во Општина Градско со цел на транспарентен начин по мерка на жителите да се решат нивните проблеми и потреби и изградба на проекти за подобар и поквалитетен живот.
Од вкупно 8 проекти кои беа предложени од жителите во текот на трите форумски сесии, 6 проекти беа ставени на гласање. Според гласовите на жителите најдобро беа рангирани следните проекти:
1.Осветлување на патот до село Виничани – 35 бода;
2.Осветлување на мостот во село Уланци – 29 бода;
3.Услови за воведување на едносменско работење на училиштето – 28 бода;
4.Осветлување и доопремување на 2 паркови на деца – 27 бода;
5.Храна и облека за сите – 18 бода;
6.Зелен пазар и откупен центар – 10 бода.
Со оваа последна четврта форумска сесија, се затвори овогодинешниот проект „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенцијa за развој, а организирана од Општина Градско.