27 години општина Градско!

156
Градско со низа настани, достојно го обележа својот празник 16 Декември- Ден на општина Градско.
На шеталиштето беше организиран Базар на домашни и локални производи на кои се претставија 14 учесници со своја презентација.
На свечената академија беа доделени награди на поединци кои со својот личен успех се вградија во колективниот успех на општината.
Уметничкиот дел на денешниот празник го зголеми настапот на естрадните уметници Лидија Кочовска, Андреј Наунов и Влатко Груевски.