Започна пријавувањето за посета на Саемот за земјоделство во Нови Сад!

154
Почитувани земјоделци, Општина Градско организира дводневна посета на 90-тиот Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2023”, Република Србија, кој ќе се одржи во периодот од 20-26 Мај 2023 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството, каде се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Посетата на овој настан е можност земјоделците да се информираат за сите технолошки новитети во оваа област како и да споделат заеднички искуства со земјоделците од целиот регион.
Посетата на саемот е планирана за 20 и 21(сабота и недела) мај 2023 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз и влезница на саемот се покриени од страна на општината, а трошоците за ноќевањето (30 евра ноќевање со појадок) се на товар на лицето кое ќе биде пријавено за посета на овој настан.
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци да се пријават најдоцна до 15 Мај 2023 година во општина Градско.
Контакт број: 075/281-399