Полската амбасада со финансиска поддршка на Градинката„Кокичиња“!

182

Од оваа грејна сезона нашата градинка стартува во нови услови, се постави парно со комбиниран котел. Сето ова не можеше општината сама да го постигне, ако Амбасадата на Република Полска не го одобреше проектот. Ова значи дека околу 40 деца згрижени во градинката имаат подобри услови за престој, персоналот има подобри услови на работа, а со тоа ќе може да се реализира едукативната програма, затоа што градинката не е само објект за згрижување туку и за едукација и воспитување на нашите најмали жители. На овој начин директно им се овозможува на децата со потребното предзнаење да стартуваат во образовниот процес. Голема благодарност до Н.Е.Војциех Тицињски, Амбасадорот на Република Полска за укажаната поддршка. Вредноста на проектот изнесува 679.070,00 ден.