Општина Градско и ЈУДГ “Димче Мирчев” денес потпишаа Договор за целосно финансиско подмирување на престојот на 40 дечиња во градинката “Кокичиња” во Градско.
За оваа цел, обезбедени се 720.000, 00 денари од Буџетот на општинската каса.
Наша заедничка желба и заложба е во 2022 година да го зголемиме бројот на деца кои ќе бидат вклучени во процесот на предучилишното образование во нашата градинка, со што очекуваме бројката да достигне до 70 дечиња.