25 години Општина Градско!

739

На 16 декември, пред 25 години со Законот за територијална поделба, општина Градско стана самостојна локална единица. Денес, по повод тој ден во Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” се одржа свечена седница на Советот на општина Градско. На седницата се обрати Градоначалникот Киро Нацков.
Зад секој успешен колектив, стојат двигатели, поединци, луѓе кои со својата инвентивност и добра волја помагаат за лична, но и за афирмација на Општината. И бидејќи празниците се вистинскиот момент кога треба да се истакнат, денес најдобрите беа наградени.
За најдобар ученик од основно образование беше прогласена Бинаса Сулејманова. Четворица средношколци ја добија титулата најсредношколец, Никола Трендафилов, Фросина Цековска, Петар Стојановски и Филип Филипов. За најдобар студент пофалница доби Иле Петровски. За најдобар спортист беше прогласен Филип Мирчев, а како најистакнати земјоделци беа именувани Богде Терзиов и Раде Колев. Од општествено одговорни компании кои успешно ја афирмирале општина Градско, благодарници добија Вардар био процес Градско, Дади Компани и МИСА-МГ. Општина Градско посебно признание му додели на г. Агатангел, Митрополитот Повардарски на Македонската православна црква за особен придонес во зачувување на културните вредности, афирмација на православието, грижата за верниците и иницијативата за подигање црква во седиштето на општината – Црквата Св. Апостол Павле чија изградба е официјално започната.
Нека е честит 16 Декември, Денот на Општина Градско!