Потпишан договорот со изведувачот за реализација на Проектот за модернизација и енергетска ефикасност на јавното осветлување во општина Градско!

712

Со потпишувањето на денешниот договор со компанијата Елмонд Електро ДОО експорт-импорт Скопје, започнува проектот за модернизација и енергетска ефикасност на јавното осветлување во нашата општина.
Со Договорот, ќе се променат старите улични натриумови светилки со високо квалитетни, модерни и енергетско ефикасни ЛЕД светилки на територијата на целата општина во сите населени места.
Реализацијата на проектот започнува наредната недела и преку истиот општина Градско ќе обезбеди значително намалени трошоци за електрична енергија и сервисирање на долг рок.
Со ова, општина Градско ги следи позитивните примери од ЕУ и регионот, каде енергетската ефикасност донесува корист на повеќе нивоа, како за граѓаните, така и за економијата воопшто.
Изведувачот покрај замената на постојната ќе постави и нова линија со улични ЛЕД светилки со столбови високи 10 метри од клучка “Стар мотел” до “Винарија Стоби” во должина од 2.300 метри со која ќе се осветлат темните зони и ќе се подобри осветлувањето во централното подрачје (од Полициска станица до авто сервис Џони и кај излез за с.Уланци) каде ќе има двојни светилки!
Овој проект го поддржа Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавно-приватно партнерство.
Отплатата на инвестицијата ќе се врши исклучиво преку остварената заштеда на енергија во следните 11,5 години при што општината нема да има дополнителни трошоци и оптоварување на општинскиот Буџет.
Избраната фирма има обврска во општина Градско да замени вкупно 824 сијалични места во целата општина и да постави нови 72 на магистралната улица „Александар Македонски“. Комплетното финансирање, изведбата и реализацијата на проектот ги сноси компанијата Елмонд електро ДОО експорт-импорт Скопје.
Ова е уште еден показател на сериозниот пристап на Општината за искористување на сите можности за унапредување на животот на целата територијата на општината. Користејќи ги сите можни извори на финансирање, сите отворени конкурси на ЕУ и ЕБОР и овој пат успеавме странскиот инвеститор во нас да препознае партнер од доверба.