Заврши асфалтирањето на ул.”Староградска” и ул.”Староградска Крак” во Долно Градско”. Општина Градско интензивно продолжува со градежните работи според Програмата за улици и патишта за 2021 година. Во следниот период ќе се имплементираат завршени постапки за јавни набавки за наредни проекти за реализација во општина Градско и тоа:
-Реконструкција на улица бр.1 во С.Ногаевци.
-Реконструкција на дел од Локалниот пат Градско – Подлес (одрон).
-Реконструкција на ул.Панко Брашнаров.
-Реконструкција на ул.бр.2 во с.Кочилари.
-Реконструкција ул.Илинденска – втора фаза.