Општина Градско денес потпиша договор со Центарот за развој на Вардарски плански регион за подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини – Реконструкција и санација на пристапен пат до земјоделски обработливи земјиште во општина Градско од с.Виничани до м.в. Свети Илија – (Ѓорѓиица) во должина од вкупно 900 метри (500м+400м).
Средствата се обезбедени од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Реализација на проектот се очекува по завршување на постапката за јавна набавка кон почетокот на месец септември!