Пријави семејно насилство

Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.

Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално и национално ниво.

Институциитедаваатнајвисокприоритетнапријавитенасемејнонасилство и гипревземаатситемеркизазаштитанажртвите

Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

Каде може да се обратите за помош:

  • Полиција 192
  • Директно во полициска станица
  • Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство при ЈУ Меѓу-општински центар за социјална работа Велес  070 362 281 или на e-mail: jumcsrVeles@mtsp.gov.mk
  • Бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077  141 700

Организација на жените на Општина Велес ( која работи во општините Велес, Чашка и Градско) емаил rksozmveles@yahoo.comКанцеларија за бесплатна правна помош седиште Велес

Мирјана Трајкова 070 645 318

Сите кои имаат потреба да пријават насилство ги охрабруваме да го сторат тоа и затоа не им е потребна посебна дозвола, ниту за времетраење на полициски час. Жртвите непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.