Eден од врвните приоритети на Општина Градско е зголемување на степенот на транспарентно, отчетно и одговорно работење на единицата на локалната самоуправа преку градење на капацитетите на сите ресурси, креирање и негување етички норми на однесување за поефикасни институции во служба на граѓаните.
Согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт – Буџетот за 2021 година.
За активирање на жителите во процесот на креирање на Буџетот на општината креиран е прашалник. Анкетниот прашалник ќе содржи прашања во одредени области од организирањето на локалната самоуправа. Активното учество на жителите на заедницата е од особено значење како задолжителен квалификациски критериум во процесот на креирање на Буџетот на општината за 2021 година.
Прашалникот е краток, концизен и нема да Ви одземе повеќе од 5 минути.
Линк до Прашалникот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfqNHomNhQrSuvr28ME4oWhvpkQ2GKjCpSNhRpfJsgNPLzOAg/viewform