Подлешкото езеро станува модерен туристички комплекс!

1192
Општина Градско денес отпочна со реализација на проектот за модернизирање на туристичкиот комплекс езеро “Подлес” со поставување на 6 бетонски скари покрај постоечките летниковци на Подлешкото езеро.
Следува втора фаза, поставување на 10 соларни ламби, кои ќе им овозможат на туристите и добронамерниците да уживаат во чистиот воздух и во вечерните часови, 3 контејнери поставени помеѓу летниковците за поголема заштита на животната средина, поставување на мапи за планинарските водичи и за учесниците на планинарскиот марш Сирково-Клепа, како и набавка на црево за водоснабдување во селото Грнчиште.
 Општина Градско како дел од ЛАГ (Локална Акциона Група) ВАРДАР ЛЕАДЕР – Градско го имплементира овој проект со сопствени и средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година од АФПЗРР – подобрување на условите на жителите во руралните средини, но и развој на руралниот туризам.