Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Градско, одржа Седница на 30 март 2020 год. и ги донесе следните заклучоци:

1258

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Градско, одржа Седница на 30 март 2020 година на која присуствуваа претставници од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување Велес, Регионалниот центар за управување со кризи Велес, Полициска канцеларија Градско и ги донесе следните заклучоци:

Ја разгледа информацијата на Градоначалникот на општина Градско за сите досега превземени мерки и активности од страна на општина Градско и ЈКП Клепа за превенција од ширење на коронавирусот Covid-19 на територијата на општина Градско кој се реализирани во целост и за одлуката на Советот на општина Градско за давање на едно општинско возило марка шкода за времено користење на Полициската канцеларија во Градско за подобро извршување на нивните работни задачи.
 Да се врши секојдневна дезинфекција на јавната површина во централното подрачје во Градско, Здравствената амбуланта и Регионалниот пат Градско – Велес на потегот од винарија Стоби до Мотелот. Дезинфекцијата на улиците во сите населени места на територијата на општина Градско да продолжи и во неа да се приклучат АД ЗК “Вардар” Градско со нивна механизација.
– ПК Градско да врши контрола и надзор за забраната за посети на летниковците на Подлешкото езеро, групирање повеќе од 5 луѓе во парковите, плоштадот и појавата на пиење на алкохол на клупите на плоштадот со цел да не се наруши јавниот ред и мир.
 Продавниците и “Жито маркетот” во Градско да внимаваат на бројката на купувачите и нивната раздалеченост и при влез нивна дезинфекција, да вршат редовна дезинфекција на просториите подобра контрола и заштита на делот за продажба на леб и отстранување на масите пред продавниците.
– На територијата на општина Градско нема заболени лица со корона вирус.
Само две лица во овој момент се во самоизолација со писмена наредба и таа им звршува на 01 април 2020 година.
– Полицискиот час граѓаните на општина Градско го почитуваат. Досега само две лица го прекршиле на 27 март 2020 околу 01 часот и се превземени соодветни мерки против нив.
Барањето на земјоделците раноградинари за вршење на работни активности во периодот на забрана од 16ч до 05 кое беше усвоено од владата, истите го испочитуваа и не го злоупотребија дозволеното за време на викендот (сабота и недела)
– Општинскиот мобилен тим за помош на стари и изнемоштени лица и лица со посебни потреби во кој од месец април ќе се приклучат и дополнителни 8 лица ангажирани од проектот за Општо корисна работа во соработка со УНДП, да продолжи со активностите
– Општина Градско ќе отвори наменска сметка во соработка со општинската организација на Црвен крс Велес и ќе ја извести јавноста дека сите општествено одговорни компании, правни и физички лица кој сакаат да донираат можат да извршат уплата на парични средства кои наменски ќе се искористат за доделување на финансиска помош на семејства, односно поединците кои ја изгубиле својата работа како последица на настанатата ситуација со Covid19 (коронавирус).
Средствата ќе се распределуваат од страна на посебно формирана Комисија која со јасни и определени критериуми ќе врши распределба на донираните средства.
Сите заинтересирани општествено одговорни компании, физички и правни лица, и други, кој имаат можност да донираат неготвена храна (конзервирана, пакована, со подолг рок на траење) може да остварат контакт на телефон 075 216 785
Пункт за собирање на донираните продукти ќе биде Домот на културата “Крсте Петков Мисирков” во Градско.
Донираната храна ќе биде дистрибуирана преку утврдени податоци од страна на Центарот за социјални работи, во соработка со мобилните општински тимови.
Број на сметка: 200000001663445
Цел на дознака: ПОМОШ ВО ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ЗА ОПШТИНА ГРАДСКО (COVID-19)
Депонент: Стопанска банка
Примач: Општинска организација на Црвен крст, Велес
– Лицата кои имаат симптоми типични за коронавирусот, како што се сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Да не се оди во ординација, да се чува сопственото здравје и здравјето на другите! Матичниот лекар поставува прашања преку електронска анкета и оценува дали и кога треба да се тестира пациентот и преку мој термин го закажува тестирањето на некој од пунктовите, без закажување не може да се врши тестирање. Во закажаниот термин треба директно да се оди на пунктот за тестирање и треба да се носи заштитна опрема и по можност да не се доаѓа со јавен превоз, потоа согласно резултатот и здравствената состојба на пациентот матичниот лекар ве води и упатува на следни чекори.
Општина Градско ќе ја разгледа можноста за обезбедување финансиски средства за набавка на заштитна опрема на здравствените работници во Здравствената амбуланта Градско.
– ООУ ,,Даме Груев,, Градско согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, продолжува со организирање и реализирање на воспитно –образовниот процес со далечинско учење, односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
– Наставниците далечинското учење го реализираат преку следните форми:
– ТВ училница на МРТВ
 Е – училница – првата унифицирана образовна национална on line платформа
– платформа на www.damegruevgradsko.mk креирана од страна на училиштето за далечинско учење ( во тек е нејзина изработка)
– ZOOM-програм за видео конференциска врска
– Classroom
– Групи креирани на социјалните мрежи (mesinger, viber и сл.) со цел да се обезбеди двонасочна комуникација ученик/родител и наставни