69 дарувани крвни единици на пролетната крводарителска акција во општина Градско!

668

Крводарителите од Градско и останатите населени места се уште се едни од најхуманите во државата.  На  крводарителската акција одржана на 17 април, се донираа 69 крвни единици, што е одлична бројка и висок процент на дарувања во однос на бројот на жители.

Четворица од нив, за прв пат даруваа крв со што станаа дел од најголемото хумано семејство во земјата.

Крводарителската акција заеднички ја организираа Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје помогнати од општина Градско.