Реконструиран дворот на детската градинка „Кокичиња“!

7
Се завршија активностите за уредување на дворот во детската градинка.
Просторот е целосно обновен и опремен со современи и безбедни детски реквизити, прилагодени за игра и развој на најмладите. Дополнително, поставена е и тартан подлога која овозможува поголема сигурност и удобност при користење.
Со ова, создадовме функционална и пријатна средина каде децата ќе можат безгрижно да играат, учат и да го развиваат својот потенцијал.