Денес во Општина Градско се реализираше обука за рурални жени посветена на унапредување на дигиталноста и финансиската писменост,во рамки на проектот”Зајакнување на дигиталното земјоделство: модернизација образование и одржлив развој во Република Македонија”.
Со реализација на оваа обука се придонесува кон:
– кон зајакнување на економската позиција на жените од руралните средини
-Поттикнување на дигиталната трансформација во земјоделството
– зголемување на конкурентноста и одржливоста на малите земјоделски стопанства
Проектот се спроведува во соработка со Факултет за земјоделски науки на храна-Скопје,со поддршка од Центар за меѓународна соработка и развој (CMSR)и Министерство за надворешни и европски работи на Република Словенија.

