Во Долно Градско е изградено ново детско игралиште!

29
Завршена е изградбата на детското игралиште во Долно Градско. Игралиштето е изградено од Општина Градско во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Изграденото детско игралиште веќе е ставено во функција со што се завршени сите предвидени активности околу партерното уредување и поставување на урбаната опрема и детските реквизити.