Бесплатен оброк за сите ученици од I до V одделение!

144

Општина Градско го потпиша Договорот со фирмата СПЕЦИЈАЛ – ПРОДУКТ ДООЕЛ Скопје која ќе го обезбедува ветениот оброк за учениците од прво до петто одделение во ООУ “Даме Груев” Градско и истиот започнува со реализација од 02.05.2023 година.
Со овој проект предвидено е да се обезбеди оброк за вкупно 166 деца, кој е во согласност со сите нормативи и стандарди пропишани од страна на надлежните институции. На овој начин ќе се обезбеди еднаквост на децата, а во исто време ќе се олесни трошокот на родителите за оваа намена кои го одвојуваат од сопствениот семеен Буџет особено во овој период на покачени цени на сите продукти и висока инфлација во државата.