Започнува проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“ со што во наредните 15 месеци, општина Градско ќе работи на подобрување на капацитетите за транспарентно, одговорно и квалитетно испорачување на локалните услуги за граѓаните.
Втората фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“ е финансирана од Швајцарската влада Embassy of Switzerland in Macedonia и Министерство за локална самоуправа, а ја спроведува и ко-финансира UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
Преку оваа програма Општина Градско обезбеди грант од 30.000 до 50.000 долари,за проект кој ќе го изберат жителите на општината,како и 10.000 до 12.000 долари кои ќе бидат наменети за дигитална алатка за поголема транспарентност и отчетност.