29 години Општина Градско!

123
Со особена чест и гордост го одбележавме 16 Декември – Денот на општина Градско.
Чествувањето започна со положување свежо цвеќе на споменикот на Златко Владов, со што оддадовме почит кон неговото дело и трајниот придонес за татковината.
Во духот на заедништвото и локалниот развој, беше организиран базар на локални производи, каде нашите вредни производители ги претставија домашните, автентични и квалитетни производи – доказ дека Градско има потенцијал, традиција и иднина.
Централниот настан се одржа во Домот на културата, каде заедно со граѓаните, гостите и пријателите на општината, ја прославивме оваа значајна дата и беа прогласени и доделени општинските награди на поединци кои со својата работа оставиле траен белег во заедницата.
Нека ни е честит Денот на општина Градско – да продолжиме заедно, со почит кон минатото и со јасна визија за иднината!