Во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, во соработка со Организација на жени од Велес и Советот на општина Градско, денес се обележа Розов Октомври- месец за подигање на свеста за превенција, дијагноза, третман и лекување на рак на дојка. Општина Градско за прв пат оваа година организираше трибина со лекар – предавач на оваа тема.