Четврта форумска сесија во општина Градско!

219
Денес, 23.01.2024 год., се одржа четвртата форумска сесија во Општина Градско со цел на транспарентен начин по мерка на жителите да се решат нивните проблеми и  потреби и изградба на проекти за подобар и поквалитетен живот.
Од вкупно 8 проекти кои беа предложени од жителите во текот на трите форумски сесии, 6 проекти беа ставени на гласање. Според гласовите на жителите најдобро беа рангирани следните проекти:
1.Осветлување на патот до село Виничани – 35 бода;
2.Осветлување на мостот во село Уланци – 29 бода;
3.Услови за воведување на едносменско работење на училиштето – 28 бода;
4.Осветлување и доопремување на 2 паркови на деца – 27 бода;
5.Храна и облека за сите – 18 бода;
6.Зелен пазар и откупен центар – 10 бода.
Со оваа последна четврта форумска сесија, се затвори овогодинешниот проект „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенцијa за развој, а организирана од Општина Градско.