Честитки за сите деца учесници на Детскиот мини маратон!

85
Над 150 деца од ООУ„Даме Груев“ и од детската градинка „Кокичиња“ трчаа на Детскиот мини маратон кој денес одржа во чест на 16-ти Декември – Ден на општина Градско.
Со поддршката која им ја даваме на децата да спортуваат, ги учиме кон основните човекови вредности кои ќе ги водат низ животот, создавајќи кај нив чувство на тимска игра, натпреварувачки дух и самодоверба.
Сите учесници на маратонот добија медал, а оние најдобрите кои ги понесоа првите три места, беа наградени со симболични подароци.