Честитка од Градоначалникот Роберт Бешовски по повод 8 ми Март, меѓународниот ден на жената!

1688

На сите припаднички од понежниот пол им го честитам меѓународниот ден на жената 8 ми Март!
И понатаму жената да биде стожер на општеството и стожер на семејството. Очекувам во сите професии, во сите раководни места и во сите политички функции да стане рамноправен чинител и двигател на системот.
Драги дами, останете силни и нежни и продолжете да бидете украс на светот.
Честит празник!