Честитка од Градоначалникот Бешовски по повод 8ми Септември!

1151

Почитувани сограѓани!
8ми Септември 1991 година го покажа вистинскиот сјај на слободата и независноста, до кои не доведоа Илинденците, антифашистичката борба и нашата самосвест. Од мало парче крвав Балкан прилепуван, додаван и посвојуван од апетитите на големите сили и агресори денес сме држава своја на своето.
Нашата татковина, членка на НАТО е цврсто определена да продолжи по тој пат и да стане членка на ЕУ каде и навистина припаѓа.
Денес можеме да бидеме спокојни, но и одговорни за да го сочуваме суверенитетот и сите заедно да создадеме достојно место за живот на идните поколенија.
Нека ни е честит Денот на државноста и самостојноста!
Да живее 8ми Септември, да живее македонскиот народ и македонската држава!