Во шаренило од фолклор, носии, ора и песни кои се белег на нашето македонско поднебје, во Градско, над 250 учесници од 6 културни уметнички друштва ширум Македонија, настапија на традиционалната културна манифестација “Фолклоријада – Градско 2024”.
Голема благодарност до гостите кои беа учесници на фестивалот, но и на КУД „Стоби“ од Градско кое скоро три децении е во организациониот одбор на оваа традиционална манифестација.