Трето зимско искачување на врвот “Клепа” (1150 мнв)

1671

Општина Градско во организација со општина Росоман, ЕГ Грин Пауер, Планинарски предизвик “12 врвови” и Планинарски дом Папрадиште на 09 февруари 2020 год. (Недела) организираат трето еднодневно традиционално зимско искачување на врвот Клепа (1150 мнв). Градоначалниците на општините Градско и Росоман за сите учесници ќе обезбедат бесплатен ручек, пијалок и десерт во конаците на манастирот Св. Архангел Михаил во близина на село Горно Чичево.
ЦЕЛТА на акцијата е да се промовира малку качуваниот врв Клепа, да се поттикне населението во овој реон за движење низ планина, како и да се манифестира соработка помеѓу планинарските клубови и друштва.
Се надеваме дека оваа година 2020та ќе има повеќе учесници од минатата на која зедоа учество над 500 планинари.

🚌 Општина Градско ќе обезбеди превоз за Сите заинтересирани планинари од општина Градско кои сакаат да учествуваат на планинарскиот марш и треба да се пријават во општина Градско на тел. 043251522 или 078301900.
Тргнувањето ќе биде од Градско на плоштад (пред жито маркет) на 09.02.2020 во 08.30 до село Подлес. Враќање од манастир Св.Архангел Михаил во Градско околу 16ч.
📣 СТАРТ за учесниците од општина Градско е во 9.30 часот во селото Подлес и ќе се чека групата од правец Сирково и заедно се упатуваат према врв Клепа.

🏃‍♂️СТАРТ на турата и почетна точка на тргнување : 7.00 часот од центар на село Сирково (270 мнв).
Патеката започнува со одење по срт со благо искачување се до вештачкото Подлешко езеро (660 мнв) од каде продолжува по срт до врвот Клепа.
НАПОМЕНА : За оние кои не ќе можат да продолжат до врв, ќе биде обезбеден превоз од Подлес до манастир Св. Архангел.
Завршна точка: манастир Св. Архангел (410 мнв) (помеѓу Г. и Д. Чичево)
КРАЈ на турата : Mанастир Св. Архангел.
Должина на патеката: 18 км во обата правци.
Вкупно времетраење: 7 часа пешачење
Тежина на акцијата: средна.
Висинска разлика : 880 метри.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на 2 литри вода, повеќеслоеста облека, водоотпорна јакна (кабаница), разгазени зимски чевли, планинарски стапчиња, гамашни, шал, капа, ракавици, топли напитоци, челна ламба, два пара чорапи, наочари за сонце .