Со поетски зборови да кажеме Стоп за насилството врз жените и девојките!

286
Општина Градско и оваа година се приклучува на кампањата 16 дена активизам за елиминирање на родово базираното насилство.
Во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Градско, се одржа настан „Со поетски зборови да кажеме Стоп за насилството врз жените и девојките“, со што општина Градско во соработка со ЛАГ Агро Лидер станаа дел од глобалното движење Обединети да ставиме крај на родово базирано насилство.
Над 70 жени преку моќта на пишаниот збор апелираа дека насилството е прекршување на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена.