Претставници од проектот Еразмус+ во посета на општина Градско!

268
Како дел од програмата Еразмус+, деновиве во Градско се спроведува четвртата, но и последна мобилност на проектот „Магичната моќ на игрите”. Традиционално беа пречекани гостите од Турција, Романија и Бугарија, партнери во истоимениот проект. Присутните гости од овие земји ја посетија општината и се запознаа со работата на локалната самоуправа.
Целите на програмата во областа на образованието беа исполнети. Преку овие размени се дава можност за унапредување и поддршка на образованието на сите нивоа, зајакнување на врската меѓу формалното, неформалното и информалното образование и учење.
Се создава вредност за европско образование и европско димензионирање на образованието како и поддршка на соработката помеѓу земјите кои учествуваат во дефинирањето на образовните политики.