Потпишан Меморандум за соработка со Општина Бари од Република Италија и Општина Градско!

2
Денес официјално потпишавме Договор за пријателство и соработка со Општина Бари од Република Италија.
Со овој значаен чекор ги поставуваме темелите за долгорочно партнерство, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во области од заемен интерес.
Верувам дека оваа соработка ќе придонесе за нови можности, развој и унапредување на нашите локални заедници, како и за зацврстување на пријателските врски меѓу двете општини.
Нека ова партнерство биде успешно и долготрајно, во интерес на сите наши граѓани.