Потпишан Меморандум за соработка со општина Ноздрец од Република Полска.

205
Во просториите на општина Градско се потпиша Меморандум за соработка помеѓу општина Градско и општина Ноздрец, од Република Полска, во насока на унапредување и зајакнување на пријателските врски и продлабочување на заедничката соработка. Во посета на општина Градско беа:
Г. Пјотр Урушки – пратеник во парламентот на Р.Полска и член на комисијата за култура, туризам, меѓуопштинска и меѓународна соработка, Г. Јацег Адамски – заменик раководител на областа Бжозув и Г. Станислав Зелазновски – градоначалник на општина Ноздрец.